(ВИДЕО) Танкер со нафта и товарен брод се судрија во Северното Море

Од:

Танкер со нафта и товарен брод се судрија утринава во Северното Море, а британската крајбрежна стража ја координира итна спасувачка операција, соопшти британската агенција за поморска и крајбрежна стража.

Според достапните информации, судирот се случил во близина на источниот брег на Јоркшир, а алармот бил вклучен во 9.48 часот.

„Крајбрежната стража моментално координира итен одговор на извештаите за судир меѓу танкер и товарен брод“, се вели во официјалното соопштение.

Спасувачката операција вклучуваше спасувачки хеликоптер од Хамберсајд, чамци за спасување од Скегнес, Бридлингтон, Мејплторп и Клиторпс, авион на британската крајбрежна стража, како и блиски бродови со капацитет за гасење пожар.

Според Би-Би-Си, танкерот со нафта се запалил по судирот, но оваа информација се уште не е официјално потврдена.

Како што објави британскиот јавен сервис, во инцидентот учествувале танкер Stena Immaculate кој претходно пловел од грчкото пристаниште Агиои Теодорои и бил закотвен во близина на Хал и Солонг, португалски контејнерски брод кој пловел од шкотското пристаниште Гранџмаут до Ротердам во Холандија.

Снимката од платформата за следење на Marine Traffic покажува дека Stena Immaculate била закотвена кога, според достапните податоци, Solong удрил во танкерот.

Обединетите нации преку својата поморска агенција, Меѓународната поморска организација (ИМО) се запознаени со ситуацијата и проверуваат за дополнителни информации.

На местото на инцидентот има голем број пловни објекти, вклучувајќи контејнерски бродови и танкери со нафта, а операцијата за спасување се уште е во тек, пренесува Гардијан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Пентагон: Дрон од Иран погоди танкер во Индискиот Океан

Се судрија двa танкера, воведена е вонредна состојба

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски