На Твитер се појави видео кое талибанците сами го снимале во теретаната која се наоѓа во претседателската палата во Кабул. На видеото се гледа како младите талибанци се обидуваат да сфатат како функционираат справите за вежбање.
Понатаму во видеото се гледа како тие се забавуваат со „колички за судари“ во кабулскиот луна парк за деца.
Додека талибанците се забавуваат, илјадници Авганистанци деновиве очајнички се обидуваат да ја напуштат земјата, по повлекувањето на НАТО и превласта на талибанците.