Најмалку 55 луѓе во Хонг Конг во саботата завршија во болница поради повреди здобиени во тајфунот Саола.
Тамошните власти соопштија дека околу 500 жители побарале сместување во итни засолништа поради невремето, како и поради поплавите и соборените дрвја.
Супертајфунот Саула во петокот вечерта навлезе на јужниот брег на Кина и Хонг Конг, носејќи силен дожд и силни налети на ветер.
Storm surge starting to roll in the coastal areas of Hong Kong as violent typhoon #Saola approaches.#hongKong #fujin #Flood #typhoon #storm #saola #weather #hurricane #TyphoonSaola #HongKong #China pic.twitter.com/MzvFBsD5z0
— Anil Kumar Verma (@AnilKumarVerma_) September 2, 2023
Кинеската метеоролошка служба предупреди дека Саола може да стане најсилниот тајфун во овој регион од 1949 година.
Во Хонг Конг сите училишта и градинки се затворени од петокот, а повеќето летови се откажани.
Вчера, ситуацијата во финансиската метропола донекаде се смири.
People under 50 kilograms banned from the streets in China due to Typhoon Saola
— Tansu YEĞEN (@TansuYegen) September 2, 2023
Сепак, на социјалните мрежи се споделува видео од девојка која бурниот ветер ја фрли на подот на улиците на Хонг Конг.