ВИДЕО: Светот на на историски крстопат, Европа мора да го понесе товарот, вели британскиот премиер

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер одржа прес конференција на која зборуваше за детали од состанокот меѓу европските лидер и Зеленски поладнево во Лондон. Стармер вели дека секој нов договор за поддршка на Украина мора да биде поддржан и дека секоја нација мора да придонесе на најдобар начин што може, со преземање одговорност и засилување на сопствениот удел.

Стармер рече дека лидерите на самитот договориле четири важни чекори:

Да се ​​задржи воената помош во Украина додека трае војната и да се зголеми економскиот притисок врз Русија.

Секој траен мир мора да го обезбеди суверенитетот и безбедноста на Украина, а Украина мора да биде на маса за какви било мировни преговори.

Во случај на мировен договор, европските лидери ќе имаат за цел да спречат каква било идна инвазија на Русија во Украина.

Ќе има „коалиција на подготвени“ да ја брани Украина и да гарантира мир во земјата.

Стармер во одгвор на новинарско прашање го отфрли тврдењето дека САД станле несигурен сојузник. „Не прифаќам дека САД како несигурен сојузник, нема две земји толку блиску усогласени како нашите две земји“.

Додаде дека „ова е план кон кој работиме со САД и со поддршка од САД. Затоа разговарав со Трамп синоќа“.

Стармер вели дека на денешниот самит, лидерите се согласиле наскоро повторно да се сретнат со цел „да го задржат темпото зад овие акции“ и да продолжат да работат кон заеднички план.

„Денес сме на крстопат во историјата“, вели тој.

„Ова не е момент за повеќе разговори – време е да се дејствува и да се обединиме околу нов план за праведен и траен мир“.

Стармер вели дека оние што сакаат ќе го интензивираат планирањето сега, со вистинска итност, пред да ја потврдат посветеноста на ОК да го поддржи ова со „чизми на земја и авиони во воздух“.

„Европа мора да го понесе тешкиот товар“, вели тој.

Но, на договорот му е потребна американска поддршка, рече тој, „дозволете ми да разјаснам, се согласуваме со Трамп за итната потреба од траен мир. Сега треба заедно да испорачаме“.

Би можело да ве интересира

Масовен руски напад на Киев

Зеленски: 390 војници од руско заробеништво се вратени во Украина

ВИДЕО: Украина три дена ја напаѓа Русија со дронови, затворени аеродромите во Москва

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија во арсеналот воведува ракети воздух-воздух со нуклеарни боеви глави

„Ако Путин ја проголта Украина, следни се Полска и Балканот“

Украина ја напаѓа Москва со дронови, во Херсон загина жена

Катерина Ѓуровски