(ВИДЕО) Страотно семејно насилство на Флорида: тројца убени меѓу кои и дете

Од:

Четири лица загинаа во семејна расправија во Орландо, Флорида, а меѓу жртвите има и едно дете, соопшти денеска началникот на градската полиција Ерик Смит.

– Во полиција рано утринава околу 2:28 часот е пријавен случај на семејно насилство, а кога екипата пристигнала на местото на настанот се слушнале истрели во куќата – изјави Смит на прес-конференцијата.

Осомничениот, кој бил вооружен, потоа излегол од домот и почнал да пука кон полицајците кои реагирале, јавува ABC News.

Полицијата возвратила, а осомничениот подоцна починал од повредите во полициски притвор.

Според полицијата, три лица биле застрелани во куќата.

Меѓу жртвите има и дете, кое било пренесено во болница, но подоцна им подлегнало на повредите.

Другите две жртви исто така биле убиени со огнено оружје.

Нивните имиња и возраст се уште не се објавени, но се наведува дека се полнолетни.

Би можело да ве интересира

Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна на автопат на Флорида, двајца мртви

(ВИДЕО) Авион се урна на камперска населба на Флорида, има мртви

(ВИДЕО) Крвава Ноќ на вештерките на Флорида: двајца мртви, 18 повредени

Катерина Ѓуровски

Близначки пронајдени мртви во кутија за играчки на Флорида: Се задушиле објаснува мајката

(ВИДЕО) Драматични снимки од Флорида, се е под вода: „Ситуацијата е крајно опасна“