ВИДЕО: Страотна сообраќајна несреќа во САД, загинаа најмалку 15 од 27 луѓе кои биле стуткани во џип

Од:

Повеќе од 17 луѓе загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопат во близина на американско-мексиканската граница во Калифорнија.

Судирот се случил околу 6:30 часот наутро по локално време, северно од американско-мексиканската граница во местото Калексико околу 100 километри од Сан Диего, се наведува во полициското соопштение.

Возачот на камионот се здобил со полесни повреди.

Според директорката на службата за итна помош при локалниот медицински центар, 27 луѓе биле стуткани во џип кој удрил во камион со приколка, полн со чакал.

Џејк Санчез, портпаролот на Сообраќајната полиција на Калифорнија, изјавил дека возилото „Форд Експедишн“ било регистрирано за седум или осум луѓе.

Би можело да ве интересира

Велосипед удрил пешак на Партизанска – велосипедистката е со тешки повреди

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Загина 42 годишен возач од Делчево – сопатникот со тешки повреди

Тешка сообраќајна несреќа во Влае, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Двајца моторџии излетале од пат, повредена и 23-годишна сопатничка

Анита Петровска Рајковиќ

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран