Силна експлозија уништи комбе со кое се превезувале членови на фудбалски клуб во Сомалија, а точните околности на трагедијата не се јасни. Четворица фудбалери и возачот изгореа во огнот кој го зафати возилото по експлозијата, е останатите се тешко повредени.
Според една верзија, комбето во кое се возеле фудбалерите на екипата Џубаленд од градот Кисмајо, налетало на импровизирана бомба поставена на патот, која била активирана од далечина а според друга – страотната експлозија е дело на бомбаш-самоубиец.
BREAKING: At least four people were killed and six others wounded on Friday as bomb explosion targeted a bus carrying football team in Kismayo town, some 500km south of Mogadishu. pic.twitter.com/rgCRjBGiMQ
— Shabelle Media Network (@ShabelleMedia) July 30, 2021
Ниту една милитантна група која делува во нестабилната африканска земја досега не презеде одговорност за крвавиот напад. Дел од медиумите ја поврзуваат експлозијата со актуелните избори за четворица сенатори, посочувајќи дека е можно за нападот да е одговорна терористичката група Ал-Шабаб.