ВИДЕО: Стотици тела на убиени украински борци уште се во Азовстал

Од:

Телата на убиените украински борци во опсадата на фабриката за челик Азовстал во јужниот град Мариупол се уште се на местото на конфликтот, изјави поранешниот командант на украинскиот баталјон на Азов, Максим Зорин.

Зорин рече дека како дел од договорот со Русите, околу 220 тела од Азовстал веќе се испратени во Киев, но исто толку се уште се во Мариупол.

„Во тек се разговори за понатамошна размена, за сите тела да се вратат дома. Апсолутно сите тела мора да се вратат и тоа е нешто на што ќе работиме“, рече Зорин во видеото објавено на неговиот канал Телеграм.

Тој исто така рече дека една третина од убиените се припадници на баталјонот Азов, а останатите се припадници на граничната контрола, морнарицата и полицијата. Стотици украински борци кои беа во фабриката за челик Азовстал беа одведени во руско заробеништво во средината на мај, но многумина беа убиени за време на борбите во Мариупол.

Телата се во лоша состојба, така што ќе треба многу долго време за секое да се идентификува поединечно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО