(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Од:

Стотици Палестинци протестираа против Хамас и војната на најмалку три локации во Газа, пишува Тајмс оф Израел. Снимките објавени на социјалните мрежи покажаа жители на Беит Лахиа, во северниот дел на Појасот Газа, како одржуваат протести повикувајќи на крај на војната и владеењето на Хамас, а некои демонстранти носеа транспаренти на кои пишува „Одбиваме да умреме“ и „Децата во Палестина сакаат да живеат“.

Дополнително, неколку видео клипови ги снимија жителите како извикуваат „Хамас надвор“, „Народот сака да го собори Хамас“ и „Да за мирот, не за војната“. Пред индонезиската болница се одржа собир на жители. Некои од демонстрантите носеа бели знамиња.

Како што понатаму пишува „Тајмс оф Израел“, неколку часа по првиот протест, во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа се одржа уште еден протест против војната и Хамас, при што десетици демонстранти палеле гуми и скандирале „Сакаме да јадеме“.

Како што се проширија вестите за протестите, други протести избувнаа низ Газа, вклучувајќи го и оној во големиот јужен град Кан Јунис, каде што демонстрантите беа снимени како извикуваат „долу со Хамас“ и повикуваат на прекин на борбите.

Хамас официјално не ги коментираше протестите.

Би можело да ве интересира

Таен извештај на САД: Израелските војници извршија стотици можни кршења на човековите права во Газа

Јордан: Меѓународните трупи нема да се обидуваат да наметнат мир во Газа

Израел доби одобрение да напаѓа цели на Хамас од својата страна на „Жолтата линија“

Нема мир во Газа, за 24 часа загина над 100 луѓе

Израел ги прими останките на двајца заложници

Најмалку 90 убиени во најновиот израелски напад врз Газа

Горан Наумовски