ВИДЕО: Средбата Путин-Трамп во Будумпешта го поткопува доаѓањето на Зеленски во Вашингтон

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на војната во Украина, еден ден откако американскиот претседател најави нов самит со Владимир Путин во Будимпешта во наредните недели.

Трамп ќе започне серија дипломатски активности насочени кон прекин на руската инвазија, една недела откако помогна во посредувањето за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

Зеленски рече дека ќе се сретне со претставници на одбранбени и енергетски компании во Овалната соба пред да се сретне со Трамп. „Очекуваме дека моментумот во борбата против теророт и војната што е постигнат на Блискиот Исток, исто така, ќе помогне да се стави крај на војната на Русија против Украина“, рече украинскиот претседател.

Ова ќе биде трета средба на Зеленски со американскиот претседател во Белата куќа откако Трамп се врати на власт на почетокот на годината.

Двајцата разговараа по телефон за време на викендот, а темата беше можни договори со сојузниците од НАТО за купување Томахавци за Киев – крстосувачка ракета со долг дострел што би ѝ овозможила на Украина да погодува цели дури до Москва и пошироко, но и други начини за завршување на војната на Русија против Украина.

Ракетите Томахавк се на врвот на списокот со желби на Украина од почетокот на целосната руска инвазија во 2022 година. Трамп изјави дека размислува да продаде голем број ракети на Украина, но сака да чуе повеќе за тоа како Киев планира да ги користи, изјавија за Фајненшл тајмс две лица запознаени со неговите разговори.

Сепак, доаѓањето на Зеленски во Вашингтон е во сенка на објавата за разговрот меѓу Трамп и Пути и догворот за нова средба на двајцата лидери за две седмици во Бумипшета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран: Одмазда за братот Наини, горат американските и израелските бази, Трамп ќе има судбина како Садам

Омански министер тврди: Трамп ја изгуби контролата врз надворешната политика

„Њујорк тајмс“: Подарок за Путин од Вашингтон – Трамп и Рубио најавија повлекување од преговорите за Украина

Иран немаше избор, а вие ја изгубивте контролата, Оман му испрати остра порака на Трамп

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп тврди дека не знаел за нападот на гасното поле во Иран, Израел го демантира

Русија: Маските паднаа, Европа конечно му го покажа на Трамп своето вистинско лице