ВИДЕО: Сопственик на еротски магазин ќе направи пародија за Ким Џонг Ун

Од:

„Каков „Интервју“, чекајте Ким Џонг Ун да го види мојот порно филм“, рече Лери Флинт сопственик на еротскиот магазин „Хастлер“ и еден од најпознатите личности во порно индустријата.

Како што наведе тој пародија на филмот „Интервју“, кој што предизвика контроверзии и хакерски напад на страницата на „Сони“, поради што беше откажано неговото прикажување, ќе биде порно филмот „Ова не е Интервју XXX“.

Флинт додаде дека филмот чие што сценарио се уште е тајна ќе биде пуштен во дистрибуција до пролет 2015 година.

-Поминав цел живот борејќи се за слобода на говорот и ниеден странски диктатор тоа нема да ми го одземе-вели тој.

Инаку одлуката на „Сони“за повлекувње на филмот ја критикуваа и најпознатите холивудски актери како Џорџ Клуни и Шон Пен, а со ист став е и американскиот претседател Барак Обама.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“