ВИДЕО: Сомалиските сили ја презедоа контролата по 30-часовната опсада на хотел во Могадишу

Од:

Сомалиските сили ја презедоа контролата по опсадата на хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, изјави денеска воен офицер за Ројтерс, додавајќи дека сè уште го отстрануваат експлозивот расфрлан околу зградата, пренесува Хина.

Најмалку 12 лица, од кои повеќето цивили, загинаа додека елитните вооружени сили на Сомалија водеа 30-часовна битка против милитантите поврзани со Ал Каеда кои упаднаа во хотелот Хајат со два автомобил-бомби и отворија оган во петокот навечер.

– Сè уште ги истражуваме експлозиите на многу пластични кеси кои беа расфрлани околу хотелот, рече Мохамед Али, воен офицер на местото на настанот.

Француската новинска агенција АФП, како што пренесе БТА, претходно објави дека сите напаѓачи се убиени, повикувајќи се на изјава на шеф на обезбедувањето.

Нападот во петокот беше првиот ваков голем инцидент откако претседателот Хасан Шеик Мохамуд ја презеде функцијата во мај.

Одговорноста за нападот ја презеде групата Ал Шабаб поврзана со Ал Каеда.

Ал Шабаб повеќе од 10 години се бори за соборување на сомалиската влада. Групата сака да воспостави сопствено владеење врз основа на строго толкување на исламскиот закон.

Хотелот Хајат е популарен меѓу пратениците и другите владини претставници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија