ВИДЕО: Снимки од жестокиот руски напад на Чернихив

Од:

Русите денеска жестоко го нападнаа Чернихив, град на северот на Украина. Во нападот загинаа шест лица, а меѓу загинатите е и шестгодишно дете, соопштија украинските власти.

Проектилите го погодиле центарот на градот и повредиле 37 лица, меѓу кои 11 деца. На жителите им беше кажано да останат во засолништа откако Чернихив беше под руски напад.

„Непријателот го гранатираше центарот на Чернихив. Веројатно балистичка ракета. Останете во засолништа“, рече регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус на Телеграма.

Нападот се случил на еден од најголемите православни празници, Преображение Господово.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во Шведска на разговори, сподели видео од уништувањето во Чернихив. Видеото од нападот во центарот на градот го сподели и Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

Меѓу зградите оштетени во нападот рано утринава, оштетени се и универзитетската зграда и театарот. Украинските медиуми објавија неофицијални информации дека производителите на дронови денеска требало да одржат изложба во една од нападнатите згради. Киев Индипендент тврди дека информацијата за изложбата е официјално потврдена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск