Американските истражители денеска се во потрага на маж кој е снимен од сигурносна камера како остава ранец со бомба на бостонскиот маратон, изјави еден бостонски политичар.
Властите сега знаат како изгледа потенцијалниот осомничен, но не го знаат неговото име.
Истражителите анализираа фотографии и видео-снимки за да утврдат кој ги извршил бомбашките напади и зошто. Тие снимки не се објавени јавно.
Претседателот на Градскиот совет Стивен Марфи изјави дека бил известен од бостонската полиција дека ликот на осомничениот е забележан на снимка од сигурносната камера на една стоковна куќа во близина на целта на маратонската трка и оти неговиот изглед се совпаѓа со описот на очевидец.
Во бомбашкиот напад во Бостон во понеделникот загинаа три лица, а повеќе од 180 се повредени, од кои 17 се во критична здравствена состојба.