Сириската агенција САНА објави снимка од тоа како сириската војска го одбива жестокиот напад во подрачјето на селото Нејраба, западно од Идлиб.
Со дрон е снимено уништувањето на тенковите, оклопните транспортери и возила со инсталирани тешки митралези.
Како што претходно соопшти рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија, милитантит со поддршка на турската војска се обиделе да ги пробијат позициите на сириските владини сили.
На молба од Дамаск, руски авиони Су-24 ги бомбардираа позициите на милитантите поддржани од Турција, по што успешно бил одбиен нападот. Центарот ја повика Анкара да престане да ги поддржува терористите.