Украинскиот претседател вчера изјави дека руската опсада на пристанишниот град Мариупол е злосторство против човештвото. Во своето обраќање пред данскиот парламент, тој нагласи дека тоа „се случува во реално време, пред очите на целиот свет“.
Мариупол преживеа и продолжува да доживува чести напади од руската армија. Затоа, според воените експерти, падот е неизбежен, иако е тешко да се каже кога точно тоа би можело да се случи. Мариупол постојано е бомбардиран од руските сили, што ги прави граѓаните без проточна вода и гас, а притоа тешко можат безбедно да излезат од градот.
На социјалните мрежи сега се шират снимки од уништениот украински град. На видеото, очигледно направено со дрон, се гледа и уништениот театар пред кој пишува „деца“.