ВИДЕО: Снимка од моментот на удар меѓу авионот и хеликоптерот

Од:

Патнички авион на „американ ерлајнс“ со 60 патници се судри со хеликоптер на американската армија над Вашингтон. В отек е голема акција во која учествуваат 300 луѓе. Според американските медиуми извлечени се 18 тела, но Си-ен-ен повикувајќи се на полициски извори јави дека веројатно нема преживеани.

Објавена е снимка на која точно се гледа моментот на ударот меѓу авионот и хеликоптерот.

Во медиумите се појавија детали за последните моменти пред ударот.

Неколку минути пред планираното слетување, контролорите на летање го прашале авионот што доаѓал дали може да слета на пократката писта на аеродромот, објави новинската агенција Асошиетед прес.

Пилотите одговориле дека можат и контролорите му дозволиле на авионот за да слета на пистата 33. На помалку од 30 секунди пред судирот, контролорот го прашал пилотот на хеликоптерот дали може да го види авионот.

Контролорот направил уште еден повик до хеликоптерот неколку моменти подоцна. Сепак, дошло до судир.

Податоците пренесени од транспондерот на авионот пред падот покажаа дека авионот во моментот на судирот се наоѓал на височина од околу 120 метри и се движел со брзина од 225 километри на час.

Би можело да ве интересира

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија

Стјуардеса од Белград e тешко повредена во авионската несреќа во Торонто

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините