ВИДЕО: Снежното невреме во САД однесе речиси 90 животи

Од:

Низ САД, пријавени се 89 смртни случаи поврзани со временските услови по жестоките зимски бури што ја зафатија земјата минатата недела. Најмалку 25 лица загинаа во сојузната држава Тенеси, а 16 во Орегон, каде што останува во сила вонредната состојба.

Смртните случаи се регистрирани и во Илиноис, Пенсилванија, Мисисипи, Вашингтон, Њујорк… Десетици илјади луѓе останаа без струја: 10.000 жители во Орегон, 8.000 во Северна Каролина, 7.000 во Калифорнија и 4.300 во Кентаки. Метеоролозите предвидуваат дека временските проблеми ќе траат до средината на неделата, пишува Би-Би-Си.

Минатата среда три лица настрадаа од струен удар во Портланд кога на нивниот автомобил паднал далновод поради силниот ветер. Во Сиетл поради зимски услови за четири дена починаа пет лица, повеќето бездомници.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина