(ВИДЕО) Снежна бура во Полска, луѓе се заробени во автомобили на автопат

Од:

Обилни снежни врнежи во Полска предизвикаа сообраќајни метежи до 20 километри на автопатот помеѓу главниот град Варшава и балтичкиот пристанишен град Гдањск во текот на ноќта, соопшти полицијата. Стотици луѓе беа заробени во своите автомобили во услови на мраз, но сообраќајот беше вратен во нормала до раните утрински часови.

„Тешката ситуација започна вчера по 16 часот, кога првите камиони на рутата S7… почнаа да имаат проблеми при приближувањето кон падините“, рече Томаш Марковски, портпарол на полицијата во северниот град Олштин.

„Ова доведе до сообраќаен метеж долг околу 20 километри во текот на ноќта“, додаде тој.

Заменик-министерот за инфраструктура Станислав Буковиец изјави на прес-конференција дека никој не е повреден во овие услови.

Ана Карчевска, портпаролка на полицијата во Острода, рече дека полицајците се обиделе да им помогнат на заглавените возачи.

Острода се наоѓа на автопатот околу 40 километри западно од Олштин.

„Помогнавме колку што можевме, а на возачите им понудивме кафе и топол чај подготвени за нас од Градското собрание на Остроде“, истакна Карчевска.

Државната новинска агенција ПАП објави дека имало и прекини во железничкиот сообраќај и на аеродромите, но дека транспортните услуги се враќаат во нормала.

Би можело да ве интересира

Полска ја засилува границата со Русија: Се стравува од упад на вооружена група

Стуб го демантира „Фајненшел тајмс“ за разговорот со Путин

Туск за кризата во Полска ја обвини опозицијата, но и „руските ботови“

Туск: Судија нема да попушти пред агресивен насилник, мирот не може да се зачува преку попуштање

А1он

(ВИДЕО) Протести и судир со полицијата во Полска – премиерот Туск е обвинет за државен удар

А1он

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот