ВИДЕО: Скривницата на Мусолини, армиран бетонски бункер 15 метри под Рим

Од:

Пред неколку дена во јавноста се појавија снимки од бункерот направен под палатата Венеција во Рим, кој биле направен за да го заштитат Бенито Мусолини од бомбашки напад на Британците за време на Втората светска војна.

Ќелиите од армиран бетон изградени 15 метри под земја, биле голема тајна која е откриена во 2011 година за време на извршување на рутински работи.

Историчарите веруваат дека подземниот бункер бил изграден за Мусолини и неговата љубовница Кларета Петачи.

Состојбата на бункерот покажува дека изградбата никогаш не била довршена. Бункерот е направен толку длабоко што во него се уште се гледаат делчиња од остатоци од римскиот период. Структурата на бункерот се уште е многу цврста и веројатно би издржала бомбардирање, сметаат стручњаците, иако тоа најмногу би зависело од јачината на експлозијата, но несомнено е дека бункерот е одлично сокриен и заштитен.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски