Специјалната операција на Кремљ во Украина заврши и почна трета светска војна, изјави новинарката Олга Скабејева во својата емисија што се емитува на телевизијата Русија 1.
Таа сугерираше дека Русија сега се соочува со ситуација, каде ќе мора да го „демилитаризира“ НАТО.
Russian TV propagandist Olga Skabeyeva suggested again that it's time to admit that the "special operation" was over and the Third World War had begun. According to her, Russia is forced to demilitarise not only Ukraine, but the whole NATO. pic.twitter.com/xOObJ1NglT
— UkraineWorld (@ukraine_world) May 30, 2022
– Можеби дојде време да се признае дека руската специјална операција во Украина заврши. Во смисла дека почна вистинска војна. Всушност, тоа е трета светска војна. Принудени сме, не само да ја демилитаризираме Украина, туку и цело НАТО, изјави една од главните руски пропагандисти Скабејева.
Таа во јавноста е позната како „железната дама на телевизијата на Путин“.