Откако рускиот претседател Владимир Путин утринава најави делумна мобилизација поради конфликтот во Украина, водителот на канал на Јутјуб му се јави на синот на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и се претстави како воен комесар, пренесува Russian Insider.
Низовцев му рекол на Николај Песков дека му е испратена покана утре наутро да се јави во канцеларијата за мобилизација.
„Мора да разберете, ако знаете дека јас сум господин Песков, колку е погрешно да одам таму. Накратко, ќе го решам тоа на друго ниво“, му рекол Николај Песков на водителот, кој се претставил како воен комесар.
Песков јуниор во разговорот со водителот рече дека нема да доаѓа на мобилизација, а одби да даде согласност да биде пријавен и како волонтер, пишува германски Билд.
Apparently Peskov’s son got pranked. ??
– This is military commissariat. You’re to report tomorrow at 10am to be mobilized.
– My name is Peskov. If you don’t understand it, I’ll address this issue on a different level…
– So, can we put you down as volunteer?
– Surely not! pic.twitter.com/bsrzadzCfJ
— olexander scherba?? (@olex_scherba) September 21, 2022
„Морам да сфатам за што се работи и кои се моите права. Немам проблем да ја бранам татковината, но морам да сфатам зошто имам толку брзо да се појавам таму. Зборувам за одредени политички нијанси“, изјави Николај Песков.
Синот на портпаролот на Путин потенцираше дека не сака да биде наведен како доброволец во официјалните документи.
„Ќе направам што ќе ми кажат. Ако Владимир Владимирович рече дека морам да одам таму, ќе одам. Јас не сум обичен војник“, додал Николај.