Иако пилотите знаат по какви временски услови летаат, тие често наидуваат на турбуленции.
И тогаш авионот може да падне за повеќе од 1.000 метри.
Таквото насилно нурнување обично резултира со сè што не е цврсто фиксирано да лета во сите правци во авионот, да удри на подот и на седиштата. Секако, тоа може да им се случи и на патниците кои не се врзани со појас, што може да резултира со сериозни повреди, а имало и смртни случаи.
2017 built TAAG Angola Airlines Airbus A330-343 aircraft (9H-HFA) faced severe turbulence causing 10 injuries , due to adverse weather conditions , while operating flight DT652 from Luanda (LAD) to Lisbon (LIS) on 23 March 23.
Flight : https://t.co/wPo6S8sdjc#flight #incident pic.twitter.com/5M6L5UPXgP
— FL360aero (@fl360aero) March 24, 2023
Силни турбуленции се случија и на авионот на Ангола ерлајнс на летот DT652 од Луанда до Лисабон, по што настана хаос во авионот.
Турбуленциите во кои вчера налета овој патнички авион доведоа до повреди на дури десет патници.