ВИДЕО: Силен земјотрес од 8,2 степени ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Од:

Силен земјотрес, со јачина од 8,2 степени по Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на американската држава Алјаска.

По земјотресот активирана е тревога за можно цунами.

Многу силниот земјотрес е евидентиран на околу 91 километар источно-југоисточно од Перивил, Алјаска, и се случи околу 22:15 часот, среда навечер, по локално време, односно утрово по централноевропско време, соопшти Американскиот геолошки завод.

Регистриран на длабочина од 46,7 км, земјотресот се смета за плиток.

Плитки земјотреси се со длабочина помеѓу 0 и 70 километри. Следуваа најмалку два силни вторичини потреси, со магнитуда од 6,2 и 5,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти геолошкиот завод.

На Алјаска, Националниот центар за предупредување за цунами издаде тревога за јужните делови, Полуостровот и крајбрежните области на Пацификот од Хинчинбрук до преминот Унимак.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами издаде предупредување за американската држава Хаваи и американската пацифичка територија Гуам.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Алјаска

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Издадено предупредување за цунами: Разорен земјотрес ја погоди Алјаска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несекојдневен настан на Алјаска: Млад лос влета во кино и се најаде пуканки

Едно лице загина при уривање на зграда на Алјаска

Горан Наумовски

Поларна мечка убила две лица на Алјаска

Ана Ололовска