ВИДЕО: Силен земјотрес од 7 степени на Филипини, најмалку две жртви

Од:

Најмалку две лица го загубија животот, а десетици се повредени во силниот земјотрес што денеска ги потресе северните делови на Филипините.

Потресот со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Абра во северните планински делови на земјата, предизвикувајќи лизгања на земјиштето и оштетувања на објекти.

Едно лице загинало во својата куќа во Абра, каде што се повредени најмалку 25 лица кои се префрлени во болница.

Градежен работник загинал во урнатините во планинскиот град Ла Тринидад во провинцијата Бенге, каде свлечишта и одрони на камења блокираа неколку патишта.

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека земјотресот е предизвикан од движење на тектонските плочи на длабочина од 25 километри, со предупредување за можни последовни потреси.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони