ВИДЕО: Силен земјотрес од 7,4 степени ја погоди Колумбија, има жртви и повредени

Од:

Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди западниот дел на Колумбија, а потресот силно се почувствува и во Богота, Меделин и други делови од земјата. Првите информации говорат за најмалку 40 жртви, многу повеќе повредени лица и сериозна материјална штета.

Американскиот геолошки завод (USGS) го регистрира земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот се наоѓаше во близина на Сан Хосе дел Палмар, во департманот Чоко, на длабочина од околу 107 километри.

Гувернерката на Чоко, Нубија Каролина Кордоба Кури, потврди дека од главниот град на департманот, Кибдо, пристигнуваат информации за повредени и сериозно оштетени објекти.

„Чоко го погоди разорен земјотрес. Загрижени сме поради можните последователни потреси. Иако епицентарот беше во близина на Сан Хосе дел Палмар, има повредени, а зградите во Кибдо претрпеа значителни оштетувања. Веќе ја проценуваме штетата и наскоро ќе го објавиме првиот официјален извештај“, соопшти гувернерката.

Сериозна штета има и во Манизалес, главниот град на департманот Калдас. Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат тешко оштетување на една од кулите на катедралата. Дел од кулата се урна, додека на околните објекти се појавија големи пукнатини.

Силното тресење се почувствува и во главниот град Богота. Се вклучија алармите, а голем број жители од претпазливост ги напуштија зградите и излегоа на улиците.

Градоначалникот на Богота, Карлос Галан, соопшти дека засега нема информации за жртви или сериозни конструктивни оштетувања во градот. На некои објекти се појавија пукнатини.

Земјотресот силно го почувствуваа и жителите на Меделин. Градоначалникот потврди силно тресење и соопшти дека надлежните служби излегоа на терен и ја проверуваат состојбата и евентуалната штета.

Потресот се почувствува и во соседна Венецуела.

Надлежните служби во Колумбија продолжуваат со проценката на последиците, а властите предупредија и на опасност од последователни земјотреси.

Би можело да ве интересира

Руски хеликоптер навлегол во финскиот воздушен простор по инцидент со руски брод во Балтичкото Море

ВИДЕО: Американците објавија нови снимки од НЛО, забележани над Блискиот Исток

Зеленски му се закани на Путин: Кримскиот мост нема да опстане

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Бизарни детали од животот на Епстин: Во Москва барал млади манекенки и очајнички се обидувал да стигне до Путин

Силен земјотрес го погоди Перу: Тресењето почувствувано и во главниот град

Предраг Петровиќ