Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипини. Земјотресот е регистриран на околу 20 километри од Хинатуан, каде живеат околу 10.000 луѓе.
🚨ALERT – A Massive 7.6 Magnitude Earthquake Just Hit Off The Coast of Philippines Not Far From Japan ⚠️
❗️WE COULD BE ABOUT TO SEE A MAJOR TSUNAMI❗️ pic.twitter.com/F0L7M8yVlI
— Matt Wallace (@MattWallace888) December 2, 2023
Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Според неофицијални информации, некои делови останале без струја.
На веб-страницата на ЕМСЦ граѓаните наведуваат дека земјотресот траел долго и бил исклучително силен.
„Мислам дека беа потребни околу 30 секунди“, вели еден корисник.
„Оваа е многу посилна од онаа што се случи на 17 ноември. Јас сум во Давао Сити, уште се луламе лево-десно“, напиша друг.