Рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш повикува на воспоставување „безбедносна тампон зона“ долж границата со Украина, што властите во Киев го толкуваат како јасен знак дека Кремљ нема намера да бара мирно решение на конфликтот.
На состанокот со највисоките руски претставници одржан преку видео врска на 22 мај, Путин рече дека Москва „донела одлука да ја создаде потребната безбедносна тампон зона“ долж украинската граница. Според него, руските сили веќе ги „неутрализираат клучните непријателски позиции“ за да ја направат зоната реалност.
Иако тој не откри многу детали, руските државни медиуми подоцна објавија дека изјавата на Путин се однесува на регионите Брјанск, Курск и Белгород кои граничат со украинските региони Чернихив, Суми и Харков во североисточниот дел на земјата.
Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев, познат по радикалните и заканувачки изјави отиде чекор понатаму. Тој објави видео на кое се прикажува речиси целата територија на Украина како потенцијална „тампон зона“, со порака: „Ако продолжи воената помош за режимот, тампон зоната може да изгледа вака“.
If military aid to the Banderite regime continues, the buffer zone could look like this: pic.twitter.com/0ueLOTeJaH
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) May 25, 2025
Медведев, поранешниот претседател на Руската Федерација, во минатото веќе се закануваше дека ќе ги окупира Киев и Одеса, зборуваше за нуклеарни напади врз Западот, па дури и најави дека руските тенкови можат да стигнат до Берлин. Тој неодамна тврдеше дека Киев можеби никогаш нема да го види 10 мај, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли тридневното примирје предложено од Путин, што Киев го смета за лажен и пропаганден маневар.
Украинските власти предупредуваат дека ваквите пораки од Москва, особено во време кога руските сили се обидуваат да се пробијат до Харков, претставуваат јасен сигнал за можна нова фаза на ескалација на војната.
Руските претставници тврдат дека таквата зона треба да опфати не три, туку дури шест украински региони – вклучувајќи ги регионите на Днепропетровск, Миколаев и Одеса во централна и јужна Украина – а не само пограничните области.
Еден од руските генерали Виктор Соболев изјави дека целта е да се стави надвор од дострел украинското оружје со долг дострел, како што е системот ХИМАРС. „Мислам дека безбедносната тампон зона треба да ги вклучи граничните области каде што се наоѓаат нашите нови региони [нелегално анектирани Запорожје и Керсон], меѓу другите.