Шимпанзата многу подобро решаваат комплексни тестови за меморија отколку луѓето, се вели во повеќегодишната јапонска студија.
Во интервју за „Гардијан” приматологот Тестуро Макузава, професор на Универзитетот во Кјото, изјавил дека по речиси четири децении истражување дошле до неизбежен заклучок дека шимпанзата имаат подобра краткорочна меморија од луѓето.
„Врз основа на когнитивните тестови, заклучивме дека шимпанзата имаат исклучитена меморија. Веќе на прв поглед може да запаметат многу работи”, додаде тој.
Јапонските научници веруваат дека луѓето како што ги развивале одредените способности како што се јазикот, ја губеле супериорната можност за паметење.
Нашите предци можеби имале дури и фотографска меморија, но таа е загубена завреме на еволуцијата додека се развивале нови вештини.