(ВИДЕО) Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Од:

Шест лица загинаа кога попладнево хеликоптер се урна во реката Хадсон во Њујорк, соопшти њујоршката полиција. Њујоршката полиција потврди дека хеликоптерот се урнал во близина на долниот дел на Менхетен, на страната на реката поблиску до Њу Џерси.

Во хеликоптерот имало најмалку пет лица, меѓу кои двајца возрасни и три деца, соопшти њујоршката полиција. Крајбрежната стража нареди прекин на пловидбата во областа.

Очевидци на социјалните мрежи опишаа „силен удар“ во моментот на падот на хеликоптерот, со видно оштетен пропелер. Пожарникарите од копното и од марината се на местото на несреќата и спроведуваат спасувачки операции, соопштија властите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мистеријата на зградата без прозорци во центарот на Њујорк

ВИДЕО: Историска победа на Зохран Мамдани во трката за градоначалник на Њујорк

Катерина Ѓуровски

Син, снаа, внук и правнук на американски политичар загинаа во хеликоптерска несреќа

ВИДЕО: Два авиони се судрија на писта на аеродром во Њујорк

(ВИДЕО) Во хеликоптерска несреќа во САД загинаа четворица војници

(ВИДЕО) Несреќа во САД: Хеликоптер удри во далновод и падна врз баржа, има мртви