Арам Пан, фотограф од Сингапур со својот објектив успеал да забележи детали од авион од времето на СССР, кои државната севернокорејска авио компанија „Air Koryo“ се уште ги употребува. На фотографиите изгледа дека авио компанијата која што е основана во 1950 година, застанала во времето.
Панорамскиот фотограф по својата трета посета на Северна Кореја вели дека во тек на летот бил малку нервозен, но дека не било ништо опасно.
-Освен мене имаше уште 48 туристи и сите се однесуваавме како деца во продавница за слатки. Сите околу мене беа возбудени поради секоето возење- вели тој и додава дека во комунистичката држава пристигнал со британската компанија „Juche Travel“, која во последниве три години организира севернокорејски воздушни тури.
Од 11-ти до 20-ти септември туристите патувале со осум различни авиони, кои сообраќаат на меѓунардни и национални чартер летови.
-Стјуардесите беа мошне љубезни. Колку што разбрав никогаш не го напуштаат авионот кога се менуваат за смени во Куала Лумпур-рече Пан.
Фотографот нагласи и дека севернокорејските официјални лица на аеродромот им дозволиле на туристите да направат фотографии од авионот, а во еден момент и да влезат во кокпитот.
Инаку како што пренесуваат медиумите Северна Кореја планира во 2015 година да отвори нов меѓународен аеродром, но само за „ Air Koryo“.
Е. Г.