(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше успешното тестирање на новата хиперсонична балистичка ракета со среден дострел, објави државната новинска агенција КЦНА, која денеска објави и видео од тестот.


Ракетата прелета околу 1.500 километри со 12 пати поголема брзина од звукот и достигна максимална височина од речиси 100 километри пред да слета точно на целта долж источниот брег, се вели во соопштението.

Во моторот на ракетата се користени нови композитни материјали од јаглеродни влакна, а проектилот може „ефикасно да навлезе во секоја густа одбранбена бариера и да му нанесе сериозен воен удар на противникот“, соопшти КЦНА.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка