Седум лица загинаа, а најмалку 69 се повредени во ураганот што ја зафати Москва, пренесе ТАСС, повикувајќи се на извор од службите за вонредни ситуации.
Стихијата соборила дрвја, што паднале врз автомобили, автобуски постојки и довела до прекин во снабдувањето со електрична енергија. Илјадници лица во руската престолнина останаа без струја заради ураганот.
Повеќето од жртвите биле потиснати од соборените дрвја.
Претходно денеска Министерството за вонредни ситуации упати предупредување за силен ветар, пороен дожд и град во Москва. Предупредувањето беше издадено за руската престолнина во периодот од 13.30 денеска до 7 часот утре изутрина.