(ВИДЕО) Седум полицајци во болница по бркотница и судир со возач на „БМВ“ во Англија

Од:

Возач на автомобил предизвикал судир со пет полициски возила за време на потера што се случила во Нортамбрија, по што седум полицајци се пренесени во болница, пишува The Sun.

Маж и жена на околу дваесетина години се уапсени под сомнение дека предизвикале сообраќајна несреќа. Мажот е осомничен дека со опасно возење нанел тешки телесни повреди на повеќе лица, додека жената е уапсена поради помагање во опасно возење.

Полицијата се обидела да го спречи уапсениот, но тој побегнал, по што започнала потера. По нешто помалку од половина час, автомобил и пет полициски возила се судрија на северниот правец А1 во близина на раскрсницата Дервент Хау Роуд. Седум полицајци се пренесени во болница, но повредите со кои се здобиле не се опасни по живот.

Уапсените маж и жена не се повредени. Полицијата се уште е на местото на несреќата каде прибира докази. Возачите кои се најдоа на тој дел од автопатот мораа да чекаат да почне сообраќајот повторно. Поради несреќата автопатот е затворен во двата правци.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

Една година затвор за напад и прегазување на полицаец во Кавадарци

Тошковски: Интервентната полиција често пати беше прва на терен и вистински херој во заштитата на граѓаните

Полицијата бара исчезнато девојче на 13 години

Млади Авганистанци силуваa 15-годишно девојче во парк во Англија – осудени се на високи казни

А1он

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили