(ВИДЕО) Се зголемува бројот на жртвите во пожарот близу Москва, луѓето во паника скокнале од прозорците на запалената зграда

Од:

Бројот на загинати во пожар во зграда во градот Фрјазино, недалеку од Москва, се искачи на осум. Како што пренесуваат руските медиуми, луѓето во паника скокнале од прозорците на запалената зграда.

Итната помош потврдила дека конструкцијата на зградата се урнала. Првично беше соопштено дека во пожарот загинале две лица. Ова го соопшти гувернерот на Московскиот регион Андреј Воробјов.

Телеграм каналот Baza известува дека девет лица останале заробени во зградата за време на пожарот. Снимката објавена на каналот 112 на комуникациската платформа Телеграм покажува како некои луѓе ги кршат прозорците додека од зградата излегува густ црн чад.

Би можело да ве интересира

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Спречен терористички напад во административни згради во Москва

Горан Наумовски

Руската полиција спречи голем терористички напад во Москва

Москва: Пресудата против Додик ќе има катастрофални последици за ситуацијата во Босна и Херцеговина и целиот регион

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД