Најмалку осум лица загинаа, а повеќе од 20 се водат како исчезнати откако траект се преврте покрај брегот на Кипар. Тракетот, кој се движеше кон Турција од северниот град Киренија, превезуваше 259 патници и осум членови на екипажот. Според турските власти во северен Кипар, спасувачите стигнале до 237 лица. Повеќе од 160 се спасени и извлечени на брегот или се транспортираат. Досега се пронајдени седум тела, додека судбината на 23 лица сè уште е непозната.
Идентитетите на жртвите во овој момент не се објавени.
Властите, исто така, не го објавија точниот број на повредени лица. Тие рекоа дека сите повредени кои беа извлечени се префрлени или се префрлаат во болници.
KURTARILAN BİR GRUP YOLCUNUN SAHİLE GETİRİLİŞ ANI
Girne Limanı'ndan çıkış yaptıktan kısa süre sonra 2-3 km açıkta alabora olan 250'den fazla kişinin bulunduğu Filo Jet'e ait Express Yolcu Gemisi'ndeki yolculardan bir kısmı daha ticari bir gemi ile sahile getiriliyor.
Video:… pic.twitter.com/349rUqAGFA
— Özgür Gazete Kıbrıs (@CyprusNewspaper) August 30, 2026
Бројни спасувачи, нуркачки екипи и хеликоптер се на местото на настанот, летајќи над областа и помагајќи во евакуацијата на преживеаните.
