Трагични вести пристигнуваат од Кипар: Има жртви откако се преврте ферибот, хеликоптери летаат над областа

Од:

Властите во северен Кипар објавија дека најмалку шест лица загинале откако денес се превртел патнички ферибот по отпловувањето од Киренија кон Турција.

На бродот имало 259 патници и осум членови на екипажот.

Според информациите, фериботот се превртел кратко по отпловувањето, на околу два километри од брегот, а спасувачите веднаш биле испратени на местото на настанот, а хеликоптери набрзо биле вклучени во спасувачката операција.

Според најновите информации, бројни нуркачки екипи биле итно испратени на местото на настанот за да го пребараат подрачјето.

Властите во северниот дел на островот претходно објавија дека околу 160 патници биле извлечени од водата и дека биле префрлени или се префрлаат на брегот.

Точниот број на повредени сè уште не е утврден.

„Во моментов немам точни бројки. Сите повредени кои стигнале до брегот се префрлени во болници и не знаеме колку се повредите“, изјавија властите на местото на настанот.

Еден од патниците кој бил спасен и безбедно вратен на брегот ги опишал моментите на ужас додека фериботот почнал да тоне.

Тој рече дека кратко по отпловувањето, патниците забележале дека водата одеднаш влегува во бродот.

„Не нè подготвија за евакуација. Дури кога почнавме да тонеме, рекоа „бегај“, а потоа луѓето почнаа да скокаат“, рече патникот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стравична несреќа кај Филипините: Се запали траект, петмина загинаа, 87 се исчезнати

Горан Наумовски

Преживеаните од кипарскиот бродолом тврдат: Седиштата почнаа да лебдат, а капетанот продолжил да плови, се слушна експлозија

Бродска несреќа кај Кипар: 237 лица спасени, 23 сè уште се водат како исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на загинати кај Кипар: Се извлекуваат тела по превртувањето на траектот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стотици луѓе во морето по превртувањето на траект кај Кипар, засега спасени се 159 патници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Драма кај Кипар: Се преврте ферибот со 270 луѓе

Горан Наумовски