Неколку реморкери се обидуваат да го повлечат товарниот брод што вчера се насука во Суецкиот Канал, нарушувајќи го сообраќајот во еден од најголемите водени трговски патишта во светот.
Satellite Imagery courtesy of @planetlabs yesterday at 0835UTC appears to show the #EVERGIVEN in situ blocking the #SuezCanal. pic.twitter.com/t0FwORSx1g
— Aurora Intel (@AuroraIntel) March 24, 2021
Државната управа на каналот Суец (СЦА) соопшти дека осум реморкери се обидуваат да го свртат насуканиот панамски супертанкер „Евер Гивен“ (Ever Given).
Бродот е долг 400 метри и широк 59 метри, соопштија властите.
Инцидентот се случи во вторникот поради слаба видливост како резултат на лошите временски услови, додава СЦА во соопштението.
Поради инцидентот, други бродови не можат да поминат низ каналот поради што денеска скокнаа и цените на нафтата.
Сепак, шефот на СЦА, Осама Рабае, рече дека сообраќајот се нормализирал во стариот дел од каналот.
Во 2015 година, Египет отвори продолжение од 35 километри паралелно со историскиот канал, кој беше отворен во 1869 година.
Вештачката рута за испорака ги поврзува Средоземното и Црвеното Море и Азија и Европа.