ВИДЕО: Се урна зграда во Бангладеш – над 100 загинати и над 700 повредени

Од:

Најмалку 100 луѓе загинаа, а 700 се повредени откако се урна осумкатна зграда во предградие на главниот град на Бангладеш, Дака.

Во објектот имало фабрика за шиење облека и пазар, поради што се стравува дека бројот на жртви ќе биде расте.

Пожарникари и војници работат на спасувањето на затрупаните луѓе во зградата, а според нивните зборови ситуацијата е „катастрофална“.

Според полицијата, сопствениците на фабриката најверојатно не ги послушале предупредувањата на властите да не ги пуштаат работниците во зградата, откако претходниот ден таму била забележена пукнатина.

Шивачката индустрија во Бангладеш, што е во процут, во последните години постојано е следена од пожари и други инциденти.

Во ноември минатата година 112 работници загинаа во пожар во индустриското предградие на Дака, потсетуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници