Најмалку 26 работници загинаа, а двајца се повредени во североисточниот индиски град Саиранг кога се урна скеле на градилиште на железнички мост.
– Луѓето кои живеат во селото во близина на градилиштето брзо им пријдоа на помош на повредените работници и ги однесоа во болница – соопштија од полицијата.
Спасувачите ги извлекле телата и трагаат по преживеани, а се истражува и причината за уривањето на скелето.
Претходно полицијата соопшти дека 40 работници биле на градилиштето кога се урнало скелето.
Индискиот премиер Нарендра Моди, кој моментално се наоѓа во Јоханесбург на самитот на БРИКС, на Твитер објави дека акцијата за спасување е во тек, а на повредените им се дава „секаква можна помош“.