ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Од:

Во падот на мал авион во поле во Св. Аугустин во близина на Бон, во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, загина 51-годишен пилот, јавува Kleine Zeitung.

Несреќата ја преживеала неговата шестгодишна ќерка. Според полицијата, тешко повреденото девојче успеала да се извлече од запалените остатоци. Прва помош и била пружена од случајни минувачи, а потоа со хеликоптер била пренесена во болница. Според првичните информации, нејзиниот живот не е во опасност.

Авионот се урна доцна попладне, веднаш по полетувањето од аеродромот Хангелар, од засега непознати причини. Потоа избувнал пожар, соопшти полицијата. Кога на местото на несреќата пристигнале првите служби за итна помош, авионот веќе бил целосно зафатен од пламен. Пламените јазици брзо биле изгаснати, изјави портпаролот на полицијата. За 51-годишниот пилот од Келн, помошта дошла предоцна.

Би можело да ве интересира

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Кина ги престигна САД

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата

Германски генерал: Светот се распаѓа по рабови – ако е во можност, Путин ќе употреби воена сила врз Европа

А1он