Десеткатница утрово се урна во аргентинскиот град Вила Гесел, а службите за итна помош во моментов трагаат по исчезнатите под урнатините.
#EN6 | Un edificio de diez pisos, que funcionaba como hotel, se desplomó esta madrugada en Villa Gesell, Buenos Aires, #Argentina.
Al momento del accidente había entre siete y nueve personas en su interior. Bomberos y equipos de emergencia trabajan en el sector.
Vía: TN pic.twitter.com/iybmhAGX8W
— El Noticiero (@elnoticiero_6) October 29, 2024
За време на уривањето, соседната зграда исто така се урна и, според градоначалникот Густаво Барерас, меѓу седум и девет лица се водат за исчезнати, пренесе Ла Насион. Несреќата се случила во хотелот „Дубровник“, кој е стар 38 години.
QUE LOCURA como se fue a caer ese edificio icónico en Villa Gesell
Menos mal que muchos llegaron a salir ! pic.twitter.com/Jvn99TDDZR— Juli Perezzzz (@PerezzzzJuli) October 29, 2024
„Зградата се урна околу 00:30 часот, а дел од урнатините удри и во блиската станбена зграда“, рече Барерас, додавајќи дека се проценува дека во хотелот имало околу шест или седум лица, додека имало уште две до три лица во соседната зграда.
На местото на несреќата ангажирани се околу стотина пожарникари од околните градови. Министерот за безбедност Хавиер Алонсо потврди дека на местото на несреќата има 180 лица кои реагираат на итни случаи.