(ВИДЕО) Се урна хеликоптер во Њујорк, се стравува дека има жртви

Од:

Хеликоптерот се урна во реката Хадсон во четвртокот попладне, соопштија пожарникарите. Спасувачките операции се во тек откако леталото се урна во близина на Пјер 40, на аголот на улиците Западен Хјустон и Вест, околу 15:15 часот по локално време, потврди за Њујорк Пост пожарникарската служба на Њујорк.

Очевидци на социјалните мрежи опишаа „гласен удар“ во моментот на падот на хеликоптерот, при што пропелерот е видно оштетен. Пожарникарите од копното и од марината се на местото на несреќата и спроведуваат спасувачки операции, соопштија властите. Медиумите наведуваат дека се стравува дека може да има и жртви во несреќата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мистеријата на зградата без прозорци во центарот на Њујорк

ВИДЕО: Историска победа на Зохран Мамдани во трката за градоначалник на Њујорк

Катерина Ѓуровски

Син, снаа, внук и правнук на американски политичар загинаа во хеликоптерска несреќа

ВИДЕО: Два авиони се судрија на писта на аеродром во Њујорк

(ВИДЕО) Во хеликоптерска несреќа во САД загинаа четворица војници