ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Од:

Авион со 19 патници се излизга од пистата и се запали додека се обидуваше да полета во Непал. Според информациите, пилотот е единствениот преживеан.

Авионот превезувал двајца членови на екипажот и 17 техничари во градот Похара на проверки за одржување, изјави шефот за безбедност на аеродромот Арџун Чанд Такури.

Такури, исто така, изјави за локалните медиуми дека авионот „се запалил“ откако ја напуштил пистата на меѓународниот аеродром Трибхуван во главниот град Катманду.

Пожарот сега е ставен под контрола, сликите покажуваат јагленисани остатоци од авионот.Властите ги извлекле телата на сите 18 загинати. Пилотот е во болница.

е е јасно што ја предизвикало несреќата.

Во Катманду е сезона на монсунски дождови, но не врнело во моментот на несреќата. Сепак, видливоста била слаба низ главниот град.

Авионот припаѓал на локалната Saurya Airlines, која оперира со домашни летови во Непал со два регионални авиони Bombardier CRJ-200, и двата стари околу 20 години, според Flight Radar 24.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Торонто

А1он

Пронајдени телата на сите 67 жртви по судирот на авионот и хеликоптерот во Вашингтон

А1он

Авионот кој се урна го управуваше искусен пилот, а копилотот наскоро требаше да биде унапреден

А1он

Последната објава на американскиот лизгач беше од авионот на смртта

А1он

Нема преживеани во судирот на патнички авион и хеликоптер во Вашингтон

А1он

Непал ги зголемува таксите за искачување на Монт Еверест