Авион на нигериската армија се урна во близина на меѓународниот аеродром „Намди Азикиве“ во Абуџа, изјави портпаролот на аеродромот.
Според портпаролот, авионот се урнал кога се приближувал до пистата.
Сè уште нема официјални податоци за деталите за инцидентот или за потенцијалните жртви.
Порталот „Вангард“ ги објави првите вести за падот на авионот.
После тоа, на социјалните мрежи се појавија бројни видеа, на кои наводно се гледа несреќата.
Една од објавените снимки покажува поголем пожар на местото на несреќата и пожарникарите кои се обидуваат да го изгаснат.
Извештаите посочуваат дека во авионот имало шест лица и дека тие не ја преживеале несреќата, пренесува „Спутник“