ВИДЕО: Се судрија два авиони кај Рим, загинаа пилотите

Од:

Двајца пилоти загинаа кога воените авиони со кои летаа се судрија над Гвидонија Монтеселио, околу 35 километри североисточно од Рим.

Едниот од лесните авиони се урна на земја во воздухопловната база Гвидонија, а другиот на паркиран автомобил на улица.

Освен пилотот, во авионите немало други лица, јавуваат италијанските медиуми. Несреќата се случила за време на тренинг.

Очевидци за италијанските медиуми изјавија дека четири авиони летале во формација кога се судриле два.

Премиерката на Италија Џорџија Мелони во име на владата изрази сочувство до семејствата на пилотите и целото воздухопловство по трагедијата.

Се истражува како дошло до несреќата.

Би можело да ве интересира

Водата во главниот канал во Венеција стана флуоресцентно зелена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Еруптираше вулканот Етна – откажани сите летови

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Катастрофа во Италија: 13 загинати во поплави, над 10.000 раселени, штета од милијарди евра

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од поплавите во Италија се искачи на 13, луѓе се удавиле во своите куќи

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Огромни поплави во Италија: Потопени градови, најмалку девет мртви

Горан Наумовски

ВИДЕО: Огромни поплави во Италија, најмалку осум мртви

Ана Ололовска