(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“

Од:

Поранешниот советник на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, на својот Х профил објави видео на кое вели дека прикажува Украинец, облечен во цивилна облека, испука крстаречка ракета од неговото рамо за да пресретне руски напад.

На кратката зрнеста снимка се гледа како украински војник пука проектили, додека во позадина се слушаат гласови кои слават, што имплицира дека руски проектил е успешно пресретнат. Не е јасно каде и кога е снимено видеото, пишува Newsweek, додавајќи дека Украинецот на видеото користи MANPADS, пренослив систем за противвоздушна одбрана.

Украина доби неколку типови MANPADS, вклучително и ракети Стингер од американско производство и британски проектили со краток дострел StarStreak. Според документите на Пентагон, САД до денес испорачале повеќе од 2.000 Стингери на украинските војници.

Би можело да ве интересира

Русија не го прифаќа примирјето што го договорија САД и Украина

Катерина Ѓуровски

Русите објавија фотографии: зазедовме клучен град во областа Курс

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

ВИДЕО: Нов, голем украински напад со дронови на руска територија

Катерина Ѓуровски

Русија има цел список со услови за примирје

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците