ВИДЕО: Се активира вулканот на островот Ла Палма

Од:

Вулканот на шпанскиот остров Ла Палма денеска еруптираше, соопштија локалните власти.

По ерупцијата која се случи во 15:15 часот по локално време, се крена чад во националниот парк Кумбре Виеха на јужниот дел од островот.

Активирањето се случи набргу откако властите евакуираа околу 40 луѓе со слаба подвижност и животни од селските фарми во близина на вулканот.

На островот се распоредени и војници за да помогнат во евакуацијата, наведе Министерството за одбрана, бидејќи се очекува дека ќе биде потребна дополнителна евакуација на граѓани од околните градови.

Пред ерупцијата, регистрирани се серија земјотреси со интензитет од 3,8 степени во националниот парк, соопшти шпанскиот Национален географски институт.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени