Видео самит Европска унија – Кина в петок

Од:

Дваесет и третиот самит ЕУ-Кина ќе се одржи в петок на 1 април 2022 година преку видео-конференција.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, придружувани од високиот претставник Жозеп Борел, кој ја претставува ЕУ, претпладне ќе се сретнат со кинескиот премиер Ли Кечијанг, а попладне со кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Средбата на кинескиот претседател Си Џинпинг и премиерот Ли Кечијанг на 1 април со лидерите на ЕУ ја потврди и кинеското Министерство за надворешни работи.

Ова е прва потврда од Пекинг дека самитот Кина-ЕУ ќе се одржи оваа недела.

Главниот фокус на самитот, ако што информираат од Брисел, ќе биде на војната во Украина, ангажманот на меѓународната заедница за поддршка на Украина, драматичната хуманитарна криза создадена од руската агресија, нејзината дестабилизирачка природа за меѓународниот поредок и неговото вродено глобално влијание.

Лидерите, исто така, ќе разговараат за состојбата на билатералните односи и областите од заеднички интерес, како што се климатските промени, биодиверзитетот и здравјето, како и начините за обезбедување на порамномерен и реципрочен трговски однос.

ЕУ, исто така, ќе ја искористи приликата да ја нагласи потребата од одржување на меѓународниот поредок заснован на правила и универзалните вредности и ќе повика на продолжување на дијалогот за човекови права меѓу ЕУ и Кина на суштински начин.

Претходниот самит ЕУ-Кина се одржа на 22 јуни 2020 година, а состанокот на лидерите ЕУ-Кина се одржа на 30 декември 2020 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски