САД го изврши првиот бран бомбардирање на упориштата на екстремистичката организација Исламска држава во Сирија, а досега погинале 20 џихадисти, соопшти невладината организација Опсерваторија за заштита на човековите права.
Нападот е изведен со 47 ракети од типот „томахавк“ кои биле лансирани од бродовите „Арли Бурк“ и „Филипин Си“ кои се наоѓаат во меѓународните води во Црвеното море и Северноарапскиот залив. Нападите се изведуваат и со авиони, беспилотни летала и бомбардери, пренесе Би Би Си.
Првиот бран на напади е завршен, но се очекува нов налет на американската авијација. Во соопштението на американската војска се наведува дека се уништени многу мети на ИСИС во областите Рака, Дајр-Аз-Завр, Ал Хасака и Абу Камал. Мета беа центрите за обука на исламисите, командните центи, но и центрите за финансирање, камиони и оклопни возила.
Заедно со САД во воздушните напади учествуваат и Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Бахреин и Катар.
Цел на нападот беше градот Рака, главното употиште на Исламската држава како и подраќјата на ирачко-сириската граница.
Опозиционата Национална коалиција на Сирија, која ја има поддршката на Запад, се согласи со нападот а САД.
-Ова ќе не зајакне во борбата против претседателот Асад, но ќе помогне и целосно да се искорени Исламска држава, рече членот на коалицијата Монзер Акбик.
Сирија, официјално се нема согласено со оваа акција на својата територија.
Поранешниот министер за надворешни работи и сегашен член на британскиот парламент Џек Строу нагласи дека Велика Британика може да учествува во акцијата единствено ако има гогласнот од сирискиот претседател Асад.
-Ќе имаме големи правни проблеми доколку тој не даде таква согласност, рече Строу.